asd
ПочетнаМагазинХранаОдгледување на банани во Скопје

Одгледување на банани во Скопје

Местото каде што сакате да ја засадите или да го поставите садот со растението треба да биде мошне просторно, за самото растение да може непречено да се развива, бидејќи може да достигне и до седум метри во височина, а листовите да му се разгранат до 2,5 метри во широчина.
Следниот услов кој треба да се обезбеди е светлината. Со оглед на тоа што е вид на кој му е потребна топла почва, треба да му се обезбеди сончева експозиција.

Банана

Во однос на одгледувањето треба да се посвети внимание на повеќе работи. Првенствено треба да се потсекуваат старите и долги корења, за да им се даде можност повторно да се развијат.

Истото важи и за сувите листови. Најдобро е секогаш да се оставаат од пет до седум листови за да не дојде до засенчување на почвата околу растението.

Банана плод

Полевањето мора да биде секој ден. Прихранувањето на бананите е со течно ѓубриво, еднаш месечно во вегетативниот период.
Во наши услови зимно време треба да се заштити од премрзнување. Најдобро е да се користи текстил или јута.

Во случај да се користи најлон, најдобро е да се обезбедат дупки за вентилација за да не дојде до кондензација и скапување на стеблото.
Еве како изгледа цветот на бананата засадена во еден од дворовите во Ново Лисиче

Банана цвет

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ