ПочетнаМагазинОпшти карактеристики за вага

Општи карактеристики за вага

Нежните ваги се управувани од Венера – планетата на убавината и љубовта. Тоа го објаснува нивното нежно зборување и убавото лице. Исто како и биковите, кои се доминирани од Венера и вагите сакаат да бидат заобиколени со уметност, култура, убавина и хармонија.

Ако сте родени во овој знак, тогаш поради влијанието на Венера вие сте љубител на добрата храна и скапите работи. Но, понекогаш таа ваша страст е насочена кон луксузни работи и тоа ве прави многу алчни и големи материјалисти во очите на другите.

Вагата како што покажува и самиот симбол сака сè да биде балансирано, па вие не можете да поднесете неправда и конфликти. Понекогаш сте несигурни во вашите ставови и многу често отстапувате од нив. Но, не секогаш вашето отстапување е поради тоа што се чувствувате победени. Многу често знаете да попуштите дури и кога знаете дека сте во право, со цел да избегнете конфликт.

Вашата желба е да има мир и хармонија. Вие се стремите да бидете објективни и справедливи. Секогаш се борите за правда и тоа го правите со стил.

Во љубовната врска сте забавни и романтични. Знаете како да ги шармирате луѓето околу вас и длабоко во вас се крие голем борец. Често знаете да бидете мрзливи, мразите некој да ве избрзува и сакате сè да се решава на вашиот начин и во времето кога вие го сакате тоа, дури кога тоа значи да задоцните со десет часа.

Вие го сакате дизајнот исто како што ги обожавате добрите дебати. Успешни сте кога исполнувате дипломатска мисија и уживате кога работите во екипа. Знаете да си ги реализирате целите кога работите во екипа, но ако бидете оставени сами се сомневате во своите способности и сте несигурни.

Вие секогаш сакате да бидете заобиколени со луѓето што ги сакате. Пријателски сте настроени, но поради вашата желба да бидете сакани од сите, многу често отстапувате од вашата позиција и се приспособувате на другите.

Вагата е знак спротивен на овен, симболот на индивидуалноста. А вие како претставник на знакот вага, секогаш имате време за другите. Но, немојте да заборавите да одделите малку време за вас. Вагите можат да бидат заробени во убавите моменти и да заборават на нивните лични обврски.

Научете да бидете организирани и ќе го имате целото време на светот да уживате во вашиот прекрасен живот.

Симбол:
Вага

Симболизира:
Справедливост, рамноправност, рамнотежа, убавина, хармонија, дипломатичност, согласност.

Елемент:
Воздух

Планета:
Венера – планетата на убавината и љубовта.

Ден од седмицата:
Петок

Боја:
Златна

Број:
5

Скапоцени камења:
Бронза и корал.

Најдобри професии:
Дизајнери, адвокати, политичари, естетски хирурзи, брачни консултанти, фотомодели, фризери, декоратори.

За да се спријателите со нив:
Доста себични се, па ако ги фалите и им покажувате дека ги цените ќе постигнете со нив сè што ќе посакате. Не ги критикувајте!

Дел од телото:
Долниот дел од грбот, задникот.

Добри карактеристики:
Шармантни, мили, фер, искрени, несебични, безнадежно романтични, грижливи, пацифисти, љубезни, им придават голема важност на партнерските односи и на тимската работа.

Лоши карактеристики:
Горди, нерешителни, неуверени, манипулатори, разгалени, мрзливи, се плашат да се ангажираат, кокетни.

Карактеристики по кои ќе ги познаете:
Мали симетрични црти, нежни очи.

Омилени работи:
Концерти во големи сали, поезија, скап накит, богата храна, добро дизајнирани алишта.

Работи кои ги мразат:
Глупави луѓе, кавгаџии, да бидат притиснати да донесат одлука, да велат „добра ноќ“, да го слушаат зборот „можеби“.

Можете да ги најдете:
Како танцуваат на забава во склад; како филозофираат за животот во кафе бар; заглавени дома пишувајќи поема; одлагајќи нешто за друг ден; на некаков социјален настан.

Скриена желба:
Да сакаат и да бидат сакани!

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ