asd
ПочетнаВестиПетрушевски: Дали еден мобилен оператор подлегнал на притисокот на ОТА и Ковачевски...

Петрушевски: Дали еден мобилен оператор подлегнал на притисокот на ОТА и Ковачевски и дозволил да се стави во употреба незаконски набавената опрема за масовно прислушкување?

Опремата за масовно прислушкување која е набавена незаконски од страна на ОТА е закана по приватноста и безбедноста на 2 милиони граѓани, ова денеска преку прес-конференција го истакна Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-За да биде инсталирана оваа опрема потребна е дозвола од мобилните оператори во земјава. Дали веќе еден мобилен оператор подлегнал под притисок на ОТА и Ковачевски, и дозволил употреба на незаконската опрема за прислушкување? Мобилните оператори треба да бидат свесни, дека опремата за масовно прислушкување е набавена незаконски од страна на власта, а утрдување на незаконитоста извршиле без исклучок сите пратеници членови на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите, за што е известено и ЈО. Мобилните оператори мора да бидат целосно свесни, дека било каква употреба на опрема е кршење на законите и директно ги инкриминира и нив, вели Петрушевски.

Тој додава дека недозволиво и скандалозно е неделувањето од страна на ЈО. Молкот во обвинителството само докажува дека истото е под силен притисок на власта. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш апелира до ЈО да преземе конкретни чекори, во спротивно сите ќе бидат виновни за криминалите на СДС и ДУИ кои можат да бидат направени во иднина.

 

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ