ПочетнаВестиПо долг период, падна цената на нафтата

По долг период, падна цената на нафтата

Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е пад од 3,55 отсто. Истовремено, на американскиот пазар барелот се тргува по речиси четири отсто пониска цена, односно 105 долари.

Во петокот овие деривати се тргуваа по цена од 110, односно 107 долари, а цената продолжи да паѓа. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари, што беше нивна највисока вредност од 2008 година.

Цените на нафтата во Македонија зависат од движењето на цените на светскиот пазар, РКЕ донесе одлука дека цените ќе се корегираат на дневно ниво, па овој пад, кој, сепак е недоволен, е добра вест и за домашниот пазар.

ИЗВОРKurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ