Во текот на вчерашниот ден, во Македонија биле вратени 2 припадници на АРМ кои покажале непрофесионализам и ја нарушиле дисциплината во базата на КФОР.
Ова е уште еден показател дека при селекцијата на припадници за мисии во странство не се запазуваат потребните критериуми и проверки.
Инаку според нашите информации двајцата припадници на АРМ со кого раководи Радмила Шекеринска биле вратени поради недисциплина и алкохолизираност, што значи пиеле алкохол додека биле на мисијата во базата на КФОР.