ПочетнаВестиПронајдени автомобил и тело во распаѓање кај Тиквешко езеро

Пронајдени автомобил и тело во распаѓање кај Тиквешко езеро

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа бил пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање, соопшти Обвинителството.

-Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет, велат оттаму.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ