ОВЕН
Не е претерано поволен ден за земање или давање било какви позајмици. Потрудете се да ги сочувате парите. Можно е да не сте сигурни по кој пат да тргнете. Саканата личност сака брак. Избегнувајте напрегање.
БИК
Немате доволно доверба во некои соработници и тоа доста ве кочи кон можното остварување на тимскиот дух. Тешко ви е да остварите добар однос со партнерот. Иако се сакате, комуникацијата ви е лоша. Проблеми со алергии.
БЛИЗНАЦИ
Ќе бидете под голем стрес затоа што ве очекуваат голем број на обврски, а малку време да ги завршите. Можно е да имате некои мали пречки во односот со саканата личност. Можни проблеми со здравјето.
РАК
Може да очекувате дека на работното поле ќе остварите напредок кој го имате во план. Тешко ви е да донесете одлука. Односот со партнерот не ве исполнува, но не сте подготвени за промени. Малаксаност.
ЛАВ
Доколку се занимавате со приватна работа, очекувајте мали проблеми во текот на денешниот ден. Пробајте да ибегнете нови конфликти со партнерот. Вашиот однос доаѓа до криза. Чувствителна бешика и мочни патишта.
ДЕВИЦА
Не очекувајте дека денеска ќе имате големи промени на работното поле. Посветете се на некои други работи. Можно е од саканата личност да добивате многу внимание и нежност. Респираторни инфекции.
ВАГА
Можно е да успеете да ги решите проблемите кои некое време ве мачеле. Денеска ви доаѓа големо олеснување. Не ви е лесно да го покажете интересот кон личноста која ви се допаѓа. Водете сметка околу исхраната.
ШКОРПИЈА
Препорака е малку да се одморите од работа и опкружувањето кое генерално ви носи само стрес и нервоза. Ако сте во брак, ве очекува сериозен разговор со саканата личност. Избегнувајте напрегање.
СТРЕЛЕЦ
Немојте да носите важни одлуки ако не морате тоа да го правите денеска. Оваа фаза не ви е поволна за промени. Ќе ви годи слободата која ја имате и не сте подготовени да се врзете за некој нов. Несоница.
ЈАРЕЦ
Потрудете се да покажете дека сте подготвени по некои прашања да бидете доволно дискретни. Работните тајни треба да ги чувате. Денешниот ден може да ви донесе некои отежжнувања и компликации во љубовта. Воспаление на мускулите е можно.
ВОДОЛИЈА
Ако сте во било каков судир со законот, авторитетите или надредените, денешниот ден не е поволен за вас. Емотивно сте стабилни и уживате крај саканата личност која во вашиот живот внесува многу среќа. Нема проблеми со здравјето.
РИБИ
Ве очекува значајно подобрување на финансиите кое позитивно ќе влијае на понатамошниот тек на вашата ситуација. Ве очекуваат бурни и драстични промени на љубовното поле. Водете сметка околу апетитот.