asd
ПочетнаВестиШест пожари на отворено во изминатото деноноќие

Шест пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се регистрирани шест пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места, соопшти ЦУК.

Пожарникарите интервенирале на запалено ѓубриште во Гостивар, на запалена ниска вегетација во атарот на кумановското село Романовце, во Гевгелиско во близина на границата со Грција и во атарот на с. Миравци, на запалена трска кај авто-камп Елешец и во атарот на с. Отовица во Општина Велес.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ