asd
ПочетнаВестиХроникаОд почеток на годината 15 сообраќајки на патот Охрид-Кичево, еден загинат и...

Од почеток на годината 15 сообраќајки на патот Охрид-Кичево, еден загинат и 10 тешко повредени

Од почетокот на 2021 година до денеска, на патниот правец Охрид-Кичево, регистрирани се 15 сообраќајни незгоди со 10 тешко повредени лица и 01 жртва, додека, во текот на 2020 година, евидентирани се вкупно 69 сообраќајни незгоди со 33 тешко повредени лица и 02 жртви, информираат од СВР Охрид.

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, полициската станица за безбедност во сообраќајот Охрид, од почетокот на годинава извршила вкупно 174 зајакнати акциски контроли кон сите учесници во сообраќајот во кои, 10 возачи биле затекнати како управуваат моторни возила под дејство на алкохол а 58 ја пречекориле дозволената брзина на движење, 44 автобуси биле испратени на вонреден технички пеглед при што кај еден автобус, констатирани се неисправни уреди за сопирање. Овие возачи се исклучени од сообраќај и соодветно санкционирани.

-Најчести причини за сообраќајните незгоди и понатаму остануваат, непридржување на брзината на движење пропишана на патниот правец, неприлагодување на брзината на движење спрема условите на патот, управување моторно возило под дејство на алкохол, зборување на мобилен телефон во тек на управување моторно возило. Апелираме до сите учесници на сообраќајот на крајна внимателност при управувањето со моторните возила и почитување на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, соопштуваат од СВР Охрид.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ