asd
ПочетнаВестиТошковски на средба со амбасадорот на Шпанија

Тошковски на средба со амбасадорот на Шпанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз.

На средбата беше потврдена досегашната добра полициска соработка во делот на брза, квалитетна и ефикасна размена на оперативни сознанија, односно редовно постапување по барања упатени од двете држави за различни видови на проверки во сите форми на организиран криминал.

Двете страни се сложија дека сето тоа придонесува за поефикасно координирање и спроведување на активностите со меѓународните криминалистички служби, во борбата против организираниот и другите видови сериозен криминал и дека ваквите традиционално добри односи и соработка ќе продолжат и во иднина.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ