Убиство во скопско Инџиково на улица “Шамак„ се случило синоќа околу полноќ, дознава „Алсат“.
Телевизијата повикувајќи се на неофицијални информации објави дека лица маскирани во фантомки и вооружени влегле во куќата на 49 годишен жител кој бил во домот со сопругата и истите ги легнале во ходникот, додека во друга соба имало роднини.
-Вооружените лица им побарале пари, откако сопственикот им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол кон него и го погодил во пределот на главата, по што починал, објавува Алсат телевизија.
Неофицијално, лицата избегале во непознат правец.
Од МВР за „Курир“ ја подврдиле информацијата, но не соопштиле повеќе детали.