ПочетнаМагазинХранаВиното во картонска кутија е подобро од она во стаклено шише

Виното во картонска кутија е подобро од она во стаклено шише

Виното во картонска кутија има многу лоша репутација. Се смета дека овој пијалак го консумираат само студентите и луѓето кои не можат да си дозволат скапо вино, па затоа се смета за алкохол кој е направен за да се испие што е можно побрзо и поефикасно, без оглед на вкусот. Но, според експертите, виното во картонска кутија може да остане свежо 6 пати подолго од виното во стаклено шише.
„Со текот на времето, квалитетот на вината што се пакуваат во картонски кутии значително се зголеми. Многу љубители на виното никогаш не би погодиле дека виното што го обожуваат дошло од кутија. Вината во картонски кутии дефинитивно заслужуваат значајно место во современиот пазар на вина. Тие се лесно преносливи, одлични се за забави и еднаш откако ќе бидат отворени, можат да останат свежи со недели без да ги ставите во фрижидер. Освен тоа, тие се економични и бараат помалку енергија и амбалажа за производство и пакување за разлика од шишињата“, откриваат експертите.
Без оглед на вашето мислење за вината во картонски кутии, мора да се признае дека тие навистина многу напредуваа во текот на изминативе години. За пакувањето на поголемиот дел од нив се користат 100% рециклирани материјали, а тоа е уште еден податок што оди во нивна корист.

Според веб-сајтот Reverse Wine Snob, постојат многу причини зошто виното во картонска кутија е најдобрата опција. Дали сте знаеле дека кутија со 3 литри вино е исто што и 4 стаклени шишиња вино? Мора да признаеме дека тоа се одлични вести за нашите паричници!

Друга позитивна страна е практичноста, односно леснотијата при пренесувањето на картонската кутија од едно на друго место. Долготрајноста е уште еден огромен плус! Благодарение на технологијата, херметичкиот затвор на многу од овие вина во картонски кутии го продолжува нивниот рок на траење и тие можат да останат свежи цели 4 недели.

Доколку сте се двоумеле дали да купите вино во картонска кутија, по овие причини немате никаков простор за сомнеж. Оваа напивка ќе ви помогне да заштедите и подолго да уживате во вкусот на вашето омилено вино!

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ