ПочетнаМагазинЗдравјеВитамин K2 – неопходен за превенција и лекување на остеопороза

Витамин K2 – неопходен за превенција и лекување на остеопороза

Недостатокот на витаминот K2 во организмот резултира со крути, нееластични артерии и порозни коски, подложни на кршење. Затоа витаминот К2 е неоходен во процесите на вградувањето на калциумот во коските.
Остеопорозата е метаболно заболување на коскениот систем, чија основна карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурни нарушувања во самото коскено ткиво.

Тоа доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, посебно во пределот на бутот и зглобовите. Овие скршеници се јавуваат и при мал физички напор или повреда. Во потешките форми на остеопороза може да дојде и до искривување на ‘рбетот.
При остеопорозата постои зголемена порозност на коските. Шансите за појава на остеопороза кај жените се поголеми во однос на мажите. Тоа е затоа што жените имаат помалку коскено ткиво и побрзо го губат од мажите, пред се поради хормонските промени кои се случуваат со менопаузата.

Со самото старење се зголемува ризикот од остеопороза. Така коските со тек на време стануваат потенки и послаби. Ова важи и за двата пола.
Остеопорозата често е нарекувана „тивка болест“ бидејќи губењето на коскена маса се случува без никакви симптоми. Луѓето најчесто не знаат дека имаат остеопороза, сè додека нивните коски не станат толку слаби да при движење или изненаден мал пад не се скршат.

Најчесто се јавуваат скршеници на колкот и колапс на телото на прешленот од `рбетниот столб. Докторите советуваат препаратите на калциумот и понатаму се задолжителен додаток на терапијата на остеопорозата, како и витаминот Д3, бидејќи тој ја потпомага ресорпцијата на калциумот.

На кој начин витаминот K2 ја одржува цврстината на коските и ги штити крвните садови?
Како еден од есенцијалните фактори во коскениот метаболизам, витаминот K2 има способност да го активира остеокалцинот, протеин кој го транспортира калциумот и го вградува во коските. K2 витаминот го поттикнува и матрикс-гла протеиннот, кој како сунѓер го впива вишокот на калциумот во циркулацијата и го елиминира од организмот.

Во оваа врзана форма, калциумот не се таложи во бубрезите. Ако овие витамини не се „потпомогнати“ од витаминот K2, тие нема да го врзуваат калциумот и нема да го транспортираат. Дневните потреби за витаминот изнесуваат 45 микрограми.

Како е тоа можно кога веќе имаме сопствен „произведувач„ на витаминот K2?

Причина за недостаток на витамин K2 во организмт може да биде земањето на антибиотици, на нестероидни антивоспалителни лекови (салицилати и други), или исхрана со намирници кои природно содржат големи количини на салицилати.

Лекарите нагласуваат дека природниот витамин K2 е неопходен во превенцијата и лекувањето на остеопорозата, бидејќи може да го отстрани калциумот од атеросклеротичните наслаги, и со тоа до го олесни нивното лекување.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ