asd
ПочетнаВестиВМРО-ДПМНЕ: Судијата Пајазити не постапувал согласно закон и затоа веднаш треба да...

ВМРО-ДПМНЕ: Судијата Пајазити не постапувал согласно закон и затоа веднаш треба да се разреши без манипулации

Судијата Пајазит Пајазити остави простор Блерим Рамадани да избега или наместо ефективен притвор, тој му определи куќен притвор, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Судијата Пајазит Пајазити го осуди условно Иџет Мемети, наместо со казна затвор, кој призна дека земал поткуп за да влијае за поблага казна за Боро Марлборо.

Судијата Пајазити треба да одговара бидејќи направи огромни грешки и во случајот со Рамадани и со Мемети.

Јасно е дека Пајазити не постапува по закон. Оттука јасно е дека Пајазити не смее да биде судија, а надлежните институции треба да го разрешат.

Доколку не се санкционира Пајазити довербата во правосудството дополнително ќе се намалува.

Денес јавноста ќе биде информирана со нови сознанија за случајот Пајазити, стои во соопштението на партијата.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ