ПочетнаВестиВозило на МВР удри во мопеди

Возило на МВР удри во мопеди

Две девојчиња се здобиле со телесни повреди откако возило на МВР удрило во мопедите на кои тие се возеле.

-Вчера во 13:15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22), и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје – информира МВР.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ