Не велиме дека сите луѓе родени во овие знаци се нарцисисти, но, овие три знаци покажуваат многу нарцисоидни црти.
Бик
Биковите понекогаш веруваат дека се подобри од сите и дека заслужуваат повеќе од другите. Ним им недостасува емпатија затоа што ако нешто не им се случи, немаат потреба да размислуваат за тоа. Тие се тврдоглави и сакаат тоа да биде секогаш според нив, и често имаат проблеми со бесот. Тие се вистински господари на манипулацијата и знаат да бидат плитки и материјалистички.
Лав
Лавовите се толку полни со себе, што е тешко да не се заклучи дека се нарциси. Убедени се дека целиот свет се врти околу нив и дека што и да прават ќе остане така. Иако делуваат многу самоуверено, тие се несигурни, што е одлика на нарцисите.
Шкорпија
Ако се чувствуваат добро, скорпиите не покажуваат нарцисоидно однесување, но ако некој ги изневерил или повредил, тие веднаш ќе се фокусираат на одмазда и нема да се грижат кого ќе болат. Нивната одмазда е ладна и пресметана, и понекогаш се чини дека не гледаат ништо лошо во тоа да користат други за да ги постигнат своите цели.