asd
ПочетнаВести„Загадениот воздух убива кога власта е неспособна“: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во...

„Загадениот воздух убива кога власта е неспособна“: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира во 5 градови

Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност.

ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на КОВИД-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија протести:

„Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира утре во Скопје и во четири други градови.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓаните утре 29.10.2020 од 19:00 часот на протест пред Влада на Република Македонија. Протести дополнително ќе се одржат и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово“.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ