asd
ПочетнаВестиБалканНашиот сосед со рекорден број на заразени во еден ден- оваа бројка...

Нашиот сосед со рекорден број на заразени во еден ден- оваа бројка во Грција дополнително ќе го одложи отворањето на границата

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест повеќе од вчера, односно вкупно 108 лица.

Најголемиот број од новите случаи се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 419 и во Солун- 384.

Вчера во Грција првпат беше регистриран четирицифрен број на новозаболени од коронавирусот, број што денеска дополнително е зголемен.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ