Вечерата е многу важна доколку сакате да ослабнете, па затоа многу е важно да го завршите денот на здрав начин.
По советите на нутриционистите, вечерата би требало да биде лесна и полна со хранливи состојки. Ние пронајдовме токму таков рецепт – вкусен, лесно сварлив, а му носи бројни благодати на организмот особено поради една состојка – чиа семе.
Токму чиа семето е основата на овој оброк, кое е извонредно од повеќе причини. Чиа семето е богато со омега-3 и омега-6 масни киселини, влакна, антиоксиданти, протеини, но и манган, магнезиум, фосфор и калциум.
Оброкот е многу лесен за подготовка и за него ви се потребни само неколку минути.
Потребни состојки:
– 4 лажички чиа семе
– 2 банани
– 250 мл. вода
– 250 мл. млеко
– 1 лажичка мед
– малку цимет
Изгмечете ги бананите со вилушка. Додајте ги состојките и оставете малку да отстои во фрижидер за чиа семето да ја згусне смесата.