Медицинско лице од Неготино кое работи во Скопје е позитивно на Ковид-19.
Ова е најновиот случај на коронавирус во Тиквешко во изминатите 24 часа, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Лицето нема симптоми и не знае каде се заразило со вирусот. Се наоѓа на домашно лекување. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.