ПочетнаВестиБалканДрама во БиХ: Змија влегла во семејна куќа во која биле две...

Драма во БиХ: Змија влегла во семејна куќа во која биле две мали деца и нивната мајка

Вистинска драма се одвивала вчера во местот Долац, кај Травник (БиХ) кога во семејна куќа влегла огромна змија.

Според информацијата, во тој момент во куќата била мајка со две мали деца. Таа веднаш ги повикала соседите напомош.

„Отидов со мојата сопруга за да ги смириме исплашените деца и веднаш повикавме пожарникари. Оттаму им дале инструкции никако да не се доближуваат до змијата се додека не пристигнат надлежните. Од мојот повик поминаа само пет минути и тиа пристигнаа“ раскажува за „Klix.ba“ сведок на случувањата.

Припадниците на Територијалната противпожарна единици од Травник за кратко време успеале да ја извадат змијата од куќата, по што истата била пуштена во природа, на ненаселено место.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ