1. Риби
Рибите не поднесуваат подлост, неправда или грубост. Кога ќе слушнат или ќе бидат сведоци на тоа, ним им е тешко и им треба долго време да ги процесираат своите чувства.
Тие едноставно не можат да заборават и да продолжат понатаму. Ако Рибите забележат дека личноста што ја сакаат се однесува на начин што ги вознемирува, речиси е невозможно да продолжат да ги имаат истите чувства за таа личност.
Рибите се чувствуваат толку многу повредени што нема да можат да разговараат со личноста што го направила тоа.
2. Рак
Раковите плачат многу, но не плачат само за себе, туку тие се екстремно емпатични и плачат и за другите.
Иако луѓето се чувствуваат удобно да кажат како се чувствуваат пред Раковите, нема потреба да кажуваат ништо бидејќи Ракот го сфаќа тоа од говорот на телото, од изразите на лицето и од тонот на гласот.
3. Овен
Овните многу често се погрешно разбрани затоа што се многу вешти и одговорни.
Но, тие имаат многу повеќе емоционални подеми и падови отколку што мислите. Едноставно, не се насочени кон нив затоа што постојано се зафатени.
Кога Овенот веќе нема да може да го одложува справувањето со своите чувства, започнува долг и тежок процес.
4. Девица
Девиците се многу поемотивни отколку што изгледаат. Тие размислуваат премногу и постојано доживуваат неуспеси, моменти на тага и разочарувања.
Девиците сакаат одговори, дури и на емотивните прашања и постојано ќе се прашуваат зошто се случиле некои работи и што можеле да направат поинаку.
Секојпат кога Девицата ќе се наврати на болно сеќавање, тоа речиси како да е сè уште свежо, со исто толку силна болка колку што била некогаш.
5. Скорпија
Кога Скорпијата е емотивна, таа обично се повлекува. Овие личности сакаат да бидат некаде на тивко и темно место каде што ќе бидат сами со своите мисли и болка, особено ако се чувствуваат повредено, излажано или изневерено.
Наместо да се чувствува подобро, колку повеќе Скорпијата се фокусира на болката, толку повеќе се засилува тоа чувство и се чувствува уште полошо.