Ако сте во долга врска, можете да направите неколку мали работи што ќе го убедат вашиот партнер дека ви е се уште многу важен. И кога ќе го примети ова, ќе ви го врати вниманието во иста мера. Додека се грижите еден за друг, вашата љубов ќе расте и нема поголема среќа отколку да гледаде како вашата љубов се развива со взаемни напори.
Еве список на мали знаци на внимание што не треба да ги заборавате, иако сте во долга врска:
Бакнеж за добра ноќ.
Изненадете го со вкусен ручек, за кој знаете дека ќе го израдува.
Кажете му дека е прекрасно момче, сопруг или татко.
Заблагодарете му се за малите знаци на внимание.
Прашајте го како го поминал денот.
Гледајте го во очи додека ви зборува.
Обидете се да го натерате да се смее.
Држете го за рака.
Смислете некоја заедничка активност.
Кажете му дека ве прави среќна.
Кога ќе ви помине лутината кон него, кажете му дека го сакате.
Сите овие се толку едноставни знаци на внимание, но овие мали работи ќе ве направат среќни и сакани, затоа не ги игнорирајте!