asd
ПочетнаМагазинЗабаваИзбркајте ги комарците со помош на една природна состојка

Избркајте ги комарците со помош на една природна состојка

Секој од нас не знае што да прави со талогот од турското кафе а ние ви предлагаме да го искористите за нешто корисно – односно, да ги избркате комарците од дома…
Комарците не сакаат одредени мириси, а кафето е еден од нив.

Иако има многу различни начини да се одвратат нападите на летачките напасници, овој е најевтин, и секој дома ја има оваа неопходна состојка.

Талогот на црно кафе се користи за многу работи, за пилинг на кожата, во борбата против целулитот, а исто така е ефикасен и во борбата против комарците.
Талог од кафе се става на алуминиумска фолија која се става на чинија. Важно е пред следниот чекор талогот да биде потполно сув. Потоа чинијата се поставува на рамна површина што е на отворено.

Талогот се пали со долг кибрит или стапче, а кога ќе почне да чади, производот е подготвен и нема да има повеќе комарци. Освен со талог од кафе, овој трик функционира и со гранули за инстант кафе.

ИЗВОРКурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ