Организацискиот одбор на иницијативата „Доста е“ денеска во соработка со месните заедници, организираше протести во четири рурални средини во тетовско со цел да се изрази незадоволството од зголемувањето на цената на електричната енергија.
-Граѓаните се собраа на јавни протести во центарот Желино (Општина Желино), во дворот од основно училиште во Челопек, Општина Брвеница, во дворот на училиштето во Боговиње, Општина Боговиње како и пред општинската зграда во Теарце, Општина Теарце, информираа од иницијативата.
Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на Регулаторната комисија за енергетика, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто, како и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании.
Ова е седма недела како се организираат јавни протести и собири во Тетово на кој што се изразува револтот од зголемените цени на електричната енергија