asd
ПочетнаВестиУчениците и наставниците контра Царовска, онлајн наставата не ги дава предвидените резултати,...

Учениците и наставниците контра Царовска, онлајн наставата не ги дава предвидените резултати, бараат враќање во училишните клупи

Учениците и наставниците ги побиваат тврдењата на министерката за образование, Мила Царовска која вели дека онлајн наставата се одвивала без проблеми и дека учениците редовно се приклучуваат на часови.

Тие бараат враќање на наставата со физичко присуство, затоа што учениците губат интерес за учење, особено полуматурантите. Бројот на ученици кои се приклучуваат на часови, од ден на ден се намалува.

Полуматурантите страдаат најмногу од последиците од неследење настава со физичко присуство. Педагогот во основното училиште „Лиман Каба“ во село Љуботен, за телевизија Алсат рече дека повеќето полуматуранти ја изгубиле волјата за учење „преку Интернет“, па дури и желбата за продолжување на средното образование.

„Од ден на ден бројот се намалува, особено кај деветто одделение. Ова влијае на губење на волјата на учениците да учат. Вчера имав случај со ученик во деветто одделение, ме праша нема ли да се вратиме на училиште до крајот на годинава? Му реков дека не зависи од мене и не верувам дека ќе се вратите. Беше деморализиран и си замина дури и без да се поздрави”, вели Сенат Салиу, педагог.

И учениците бараат да се вратат на училиште со физичко присуство, барем и за еден или два месеци. Бидејќи, според нив, учењето „онлајн“ беше потфрлување за генерациите кои оваа година завршија основно образование.

„Ова беше неуспех за младите генерации. Со физичко присуство беше подобро и оценките беа најзаслужни, додека „онлајн“ не знам што да кажам, катастрофа. Проблемот е затоа што електричната енергија се прекинува од време на време, проблем со мрежата имаме секој ден“, вели полуматурантот Нури Абдурамани.

Имено, нека онлајн наставата не ги дава посакуваните и првично предвидени резултати ги потврдија и резултати кои произлегоа од неодамна спроведеното истражување „Учење од далечина или оддалеченост од наставата“, кое го спроведе Здружението Лидери за образование, активизам и развој и Фондацијата Кондар Аденауер.

Истражувањето потврдува дека онлајн наставата не ги дава очекуваните резултати, голем број од учениците до сега воопшто не биле тестирани за постигнатото знаење. Од резултатите во истражувањето може да се види дека 30% од учениците, за време на учењето преку интернет, никогаш не биле тестирани, 22% од учениците не се чувствуваат безбедно при следење настава преку Интернет, во 20% од случаите, за време на наставата се случило да бидат вклучени луѓе кои не се дел од тој клас.

И покрај ваквата констатирана состојба и барањата на учениците и наставниците, Министерството за образование неколку пати повтори дека учењето преку Интернет дава добри резултати и не се предвидуваат промени до крајот на учебната година.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ