ПочетнаВестиВо петок ни доаѓа голем празник- Голема Богородица

Во петок ни доаѓа голем празник- Голема Богородица

Во петок православните верници ќе го празнуваат Успението на Пресвета Богородица, кој е еден од најзначајните празници посветени на пресвета Богородица. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави за два дена. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање, поинаку кажано, не се слави заминувањето од овој свет, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се слави нејзиното заспивање. Веднаш по нејзиното заминување таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.

Се верува дека ако утре жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодност. Утре не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ