asd
ПочетнаВестиСајкоски: Приклучи се за Македонија,за нашата заедничка иднина

Сајкоски: Приклучи се за Македонија,за нашата заедничка иднина

Тешките времиња бараат луѓе кои се спремни да се изборат за себе, за својата иднина, за својата држава. Во времињата кога му е тешко на нашиот народ ВМРО-ДПМНЕ води напред, кон подобра иднина, кон подобра Македонија.

За да се избориме за Македонија, за подобра иднина, за држава без криминал и корипција, потребен ни е секој еден слободомислечки човек.

Борбата е успешна кога сите истомисленици се на едно место, водени од иста идеја.

ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период отпочнува процес на ажурирање на членството и зачленување на нови членови. Кој ќе се одвива од 01.10.2022 до 31.12.2022 год.

За таа намена ќе бидат отворени штабовите во сите општини во време од 17 до 21 часот.

Приклучи се на најголемата партија во Македонија – ВМРО-ДПМНЕ, единствена партија која се бори за македонските национални интереси, и има план и визија за Македонија за сите луѓе, за сите етнички заедници.

Заедно, сложно да се избориме за промени на централно ниво. Заедно да се избориме за нова влада која ќе има план и визија за Македонија, ќе се избори со криминалот и корупцијата и достоинствено ќе ја претставува државата. Приклучи се, за Македонија, за нашата заедничка иднина.

Видео на следниот линк

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ