asd
ПочетнаВестиПретседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска упати честитки до Доналд Трамп за неговиот избор за претседател на САД.

-Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција, наведува претседателката во објавата на Фејсбук.

Таа нагласува дека Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот.

-Уверена сум дека во периодот што следи нашето стратешко партнерство ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели, истакна Сиљановска Давкова.

https://www.facebook.com/siljanovskadavkova/posts/1119071539594478?ref=embed_post

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ