Премиерот Мицкоски и високи претставници на тркалезна маса за Планот за раст на Западен Балкан

0
182

Во Владата на Република Македонија денес ќе се одржи тркалезна маса посветена на предизвиците и придобивките од имплементацијата на Планот за раст за Западен Балкан, во организација на УНОПС и Владата.

Свои обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, амбасадорката на Шведска во Македонија, Ами Ларсон Џаин, како и Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач на Хрватска во процесот на пристапување кон Европската унија и актуелен експерт на УНОПС.

Настанот има за цел да отвори дијалог меѓу креаторите на политики, експертите и меѓународната заедница за најдобрите практики и чекори напред во спроведувањето на Планот за раст – стратешка иницијатива на Европската унија за економска интеграција и приближување на земјите од регионот кон заедничкиот европски пазар.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име: