ПочетнаСпортЈунајтед и Барселона се договорија за трансфер, Де Јонг

Јунајтед и Барселона се договорија за трансфер, Де Јонг

Манчестер јунајтед и Барселона се договорија за трансфер на Френки де Јонг за 85 милиони евра. Според новинарот Ориол Доменек во програма „Еспорт3“, клубовите успеале да се договорат за висината на трансферот на 25-годишниот играч од средниот ред. Тој не прецизираше како точно сумата ќе биде поделена на загарантирана и бонус. Претходно опцијата гласеше 65+20 милиони.

Во исто време, Де Јонг сè уште не е подготвен да се пресели во Манчестер и покрај изгледите да работи со Ерик тен Хаг, со кого веќе работеше во Ајакс.

Клубовите се надеваат дека ќе го убедат играчот. Челниците на двата тима веќе се сретнаа неколку пати.

Де Јонг е топ трансфер цел на Манчестер Јунајтед оваа вонсезона.

Претходно беше објавено дека фудбалерот е подготвен да се пресели во англискиот клуб доколку Барса му плати 20 милиони евра плата и бонуси.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ