asd
ПочетнаМагазинРаботи што укажуваат дека во животот сè се случува со причина

Работи што укажуваат дека во животот сè се случува со причина

Верувате во случајности? Мислите ли дека сè што ви се случило, се случило поради некоја причина? Дали некогаш сте ја откриле причината доколку постоела? Без оглед дали сметате дека ништо не е случајно или не верувате во причинско-последичната поврзаност на работите, ние ви претставуваме 5 нешта што докажуваат дека во животот сè се случува со причина.
„Верувам дека ништо на овој свет не се случува без причина. Луѓето се менуваат за нас да ни биде полесно да ги пуштиме да си одат, кога сè ќе тргне на лошо – учиме дека повеќе треба да го цениме животот.“ – Мерлин Монро
Аристотел пред неколку илјади години најдобро опишал дека сè се случува со причина. За него во животот секогаш постоеле само две константи. Универзумот непрекинато се менува. Секогаш се развива, а она што денес е точно утре не мора да се смета за вистинито. Тој верувал дека работите ни се случуваат во животот поради некоја причина, па дури и ако во тој момент нивната смисла не е објаснива. За секој избор што ќе го направиме, како и сето она што произлегува од тоа, секоја личност што ќе влезе во нашиот живот, сите што ќе го напуштат, апсолутно за сè постои некаква причина. Сè што се случува влијае на развојот на нашата личност и од секоја ситуација нешто учиме. Вистината е дека без оглед како се обидуваме да преземеме контрола над својот живот и влијаеме на некои случувања, некои работи едноставно се вон нашиот досег.

Психијатарот Ралф Левис ова го објаснил вака:
„Во текот на мојата психијатриска пракса, повеќепати забележував колку таквото размислување има силна моќ за мотивирање на луѓето, а тој ефект може да биде позитивен и негативен: може да ја зајакне одлучноста на некои луѓе или да доведе до разочарувања од сопствениот живот. Оние кои веруваат дека се родени со недостаток на среќа наместо да веруваат дека лошите животни околности се случуваат за од нив нешто да се научи, тие на негативните работи реагираат така што очајуваат и се прашуваат зошто баш ним им се случиле такви работи“.
Работите што не се под наша контрола се случуваат поради некоја од следниве причини:

1. Ни дозволуваат да продолжиме понатаму и да напредуваме
Кога одредени нешта не одат како што сме сакале, поради тоа жалиме и е сосема нормално бидејќи сме луѓе. Кога ќе преживееме загуба, ние сме разочарани и тешко се носиме со тоа.

Кога ќе ја прифатите реалноста, ќе сфатите дека се затвора едно поглавје од вашиот живот и ви овозможува да свртите нов лист, преминувајќи на нешто ново и подобро. Ова верување помага за мислите да не бидат преокупирани со она што ни се случува туку да продолжите понатаму на патот кон подобрување.

2. Ја ублажуваат болката
Понекогаш кога ни се чини дека сме на самото дно, одеднаш наоѓаме во себе доволно сила за да се издигнеме. Со верувањето дека загубата не е бесмислена си даваме себеси можност за исцелување.

3. Ни даваат прилика да го преиспитаме животот
Кога се фокусирате на ситните чекори со кои движите, наместо да ја гледате целата патека која треба да се помине за да се стигне до целта, полесно ќе одите нанапред. Еден ден ќе дојдете до целта речиси и без да забележите.

4. Нè доведуваат до момент кој може да го одреди идниот тек на животот
Ако некогаш сте доживеале момент на необјаснива јаснотија, момент во кој целиот ваш живот одеднаш добил смисла – знаете за што се работи. Наместо да се фокусирате на негативното, сте одлучиле да верувате дека сè што се случува не е залудно. А, кога ќе ги доживеете овие моменти на целосна јасност ќе сфатите колку има смисла таквото верување и колку сте силна личност.

5. Нè учат на важни животни лекции
Ќе се навратиме на фразата „Универзумот е променлив“. Самите вие сте дел од Универзумот што значи дека се менувате заедно со него. Сите ситуации што се случуваат нè учат на важни животни лекции. Понекогаш овие лекции се толку важни што можат да ги срушат сите поранешни уверувања и да ве направат послободни и подобра верзија од себеси.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ