Агенцијата за лекови одобри увозот на антивирусниот лек фавипиравир. Медикаментот кој се повеќе го бараат болните од ковид, во земјава треба да пристигне од денес.
Увозот е од Јапонија и Турција.
Лекот досега го немаше во македонските аптеки, пациентите на црно го набавуваа пред се од Косово по цена од 100 па се до 300 евра.