asd
ПочетнаВестиАрсовска откри дали повторно би се кандидирала за градоначалник на Град Скопје

Арсовска откри дали повторно би се кандидирала за градоначалник на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешната прес конференција на новинарско прашање дали би се кандидирала за уште еден нов мандат таа децидно одговори дека немала такви амбиции.

-Не, апсолутно не, јас кажав дека политички аспирации немам, ниту собирам политички поени. Сакам проектите кои што се ветени во програмата да се реализират и тоа е единствената цел која што сум ја имала уште од првиот ден. Тоа сум го кажала јавно и транспарентно голем број пати и сметам дека треба да се инсистира на овие луѓе, кои што овие програми седум месеци по ред не ги носат, не ги гласаат, одговори Арсовска.

Но од друга страна се поставува прашањето како тоа Арсовска немала политички амбиции, кога токму Арсовска презеде политичка партија и притоа учествуваше на парламентарните избори во мај годинава, каде што нејзината Алтернатива во Изборната единица 1 токму каде што беше и носителка на листата освои само 1.500 гласа.

ИЗВОРkurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ