ПочетнаВестиАрсовска: Нема да дозволам активности кои се на штета на граѓаните и...

Арсовска: Нема да дозволам активности кои се на штета на граѓаните и директно ги засегаат

Нема да дозволам активности кои се на штета на граѓаните и директно ги засегаат, а ако некој од поранешната локална власт има храброст да оди до крај со овој проект и гарантира безбедност, иако проектот е небезбеден, нека дојде и јавно нека го стави својот потпис на документ, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Универзалната сала е објект кој е обележје на градот за скопјани, но не смее да се дозволи нејзината реконструкција да продолжи по проект кој не ги задоволува стандардите за безбедност.
Секој обид за дополнително политизирање на проблемот со проектот за Универзална сала нема да го дозволам и остро ќе се спротивставам на политичките напади. Нема да дозволам шоу за нешто кое значи безбедност за граѓаните.
Факт е дека проектот не ја отсликува состојбата на терен, констатирани се бројни грешки. Факт е дека претходното градско раководство и Шилегов знаеле и констатирале недостатоци кои воедно ги констатира надзорот и Извештајот на ЗИМ, според кои елементи од градбата се проценети како несигурни и опасни особено затоа што е утврдена неусогласеност на проектот со постојната состојба на објектот.
Ги поканив јавно сите засегнати страни на заедничка средба да си дадат свое мислење. Министерката за култура треба да упати јавно извинување кон Градот Скопје за обидот за „модерирање„ на партиските инструменти на средбата, за манипулацијата на јавноста и непознавањето на сопствените надлежности, како и изјавите дека Универзална сала е безбеден проект, а нема храброст истото да го гарантира.
И покрај сите проблеми Градот Скопје интензивно работи на решенија, а Универзалната сала ќе добие нов лик и ќе биде безбеден објект за сите скопјани, нешто кое претходото градско раководство не успеало да го направи, додава Арсовска.

https://www.facebook.com/watch/?v=3093045017633022

ИЗВОРKurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ