ПочетнаВестиВО 13 ЧАСОТ: Блокади на четири места во Македонија, за недела закажан...

ВО 13 ЧАСОТ: Блокади на четири места во Македонија, за недела закажан масовен протест

Протестот против францускиот предлог продолжува и денеска со блокади на четири места во Македонија.

Од 13 до 14 часот сообраќајот ќе биде блокиран во Скопје пред Владата, на магистралните патишта Штип-Велес, Струмица-Радовиш и Плетвар-Прилеп.

-Повикуваме на масовност да кажеме НЕ на ултиматумот за бугаризација на Македонија, НЕ за бруталноста и полициските местенки, ДА за иднината на Македонија, соопштија неформалните организатори „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Утре, сабота, во знак на почит на сограѓаните муслимани кои чествуваат празник нема да има протести. Масовно протестирање е најавено за во недела со почеток во 19 часот пред Владата.

Откако Владата вчера го достави предлогот во Собранието, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при учеството на вчерашниот протестот против францускиот предлог порача дека нема да поддржат какви било уставни измени во контекст на исполнување на бугарските барања.

-Македонската јавност да биде сигурна дека што и да се случува понатаму со ова национално предавство и катастрофа која што ја подготвува Владата на СДСМ и ДУИ, ВМРО ДПМНЕ во Парламентот тоа нема да го прифати. За тоа се потребни 80 пратеника, бидете сигурни дека ги немаат, изјави Мицкоски.

Поради францускиот предлог изминатите шест дена се одржаа протести под мотото „Ултиматум, НЕ, благодарам“ пред Владата и Собранието, а синоќешните поминаа мирно и без инциденти.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ