asd
ПочетнаВестиДенеска во Собранието сослушување како во холивудски филм

Денеска во Собранието сослушување како во холивудски филм

Тие што ја следат американската политика и знаат како во американскиот Конгрес се случуваат hearings односно сослушувања за големи политички или финансиски скандали можат однапред да замислат што ќе се случува во македонското собрание, објавува Експрес.

Иако начинот на кој што ќе се случи сослушувањето е различен принципот е ист, пратеници ќе поставуваат прашања а луѓе кои што биле инволвирани во скандалот Еуростандард банка ќе одговараат на прашања на пратениците.

За денеска во Собранието е закажана надзорна расправа на тема „Утврдување на причините и извршувањето во на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка“.

Расправата ќе почне во 13 часот, а за во 15 часот пред зградата на Собранието е закажан и протест на здружението Оштетени штедачи.

На расправата поканети се гувернерката на Народна банка Анита Ангеловска Бежоска, сопственикот на банката Трифун Костовски, Арафат Муареми , директор на Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за финансии Фатмир Бесими, банкари и пратеници од повеќе политички партии.

Поради процедурите за надзорна расправа во Собранието пратениците и сослушуваните ќе имаат кратко време за да ги утврдат сите факти но сепак јавноста ќе има можност да се запознае со многу детали од најголемиот финансиски скандал во кој десетици фирми можеле да не ги враќаат своите кредити на пропаднатата банка.

ИЗВОРExpres.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ