asd
ПочетнаВестиДо 15 октомври продолжување на правото за студентски стипендии за странски државјани...

До 15 октомври продолжување на правото за студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија

Корисниците на стипендии на странски државјани кои се од интерес за Република Македонија (студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров), а кои правото на студентска стипендија го оствариле во некоја од изминатите академски години, правото на стипендија во академската 2024/2025 година можат да го продолжат од 1 до 15 октомври 2024 година.

Според известувањето на МОН, корисникот на стипендија треба да достави до Министерството за образование и наука. Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; Уверение со положени испити; Уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и Индекс (копија) од прв запишан семестар до последен заверен семестар.

За сите дополнителни информации или прашања студентите може да се обратат на електронската адреса studentski.stipendii@mon.gov.mk.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ