Во рок од два дена две жени од Штип и Кочани се жртви на семејно насилство.
Според полицискиот билтен на СВР-Штип вчера во 10.40 часот во Полициската станица во Кочани 44 годишна жена пријавила дека околу 06.30 часот во семејната куќа во кочанско село била физички нападната од нејзиниот 56 годишен сопруг А.С, кој бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде доставена соодветна пријава.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека во период од седум месеци, од почетокот на годината како СВР-Штип имаат регистрирано 29 кривични пријави за семејно насилство. Во поголемиот дел од случаите жртви се жените, но има и случаи, кога син физички напаѓа татко или обратно или во насилството учествуваат и други членови на семејства.
Завчера 31 годишна жена од Штип пријавила дека во куќа во Штип нејзиниот 36 годишен сопруг Т.Г од Штип физички ја нападнал и и се заканувал со остар предмет. Т.Г. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава.