ПочетнаВестиПЗУ Жан Митрев: Фабрикуваните информации на ИРЛ ја дискредитираат Клиниката

ПЗУ Жан Митрев: Фабрикуваните информации на ИРЛ ја дискредитираат Клиниката

По објавата на документарниот филм насловен како „Нечиста крв“ на новинарската организација ИРЛ во кој има шокантни сведочења за работата на Клиничката болница Жан Митрев, во соопштение до јавноста, преставниците на болницата за „Слободен печат“ реагираат за објавеното истражување на ИРЛ во јавноста бидејќи според менаџментот деновиве на социјалните медиуми се објавени невистини и наведувачки информации поврзани со работата на Клиничката болница Жан Митрев.

– Клиничката болница Жан Митрев успешно работи за добробит на граѓаните веќе 22 години, нудејќи им услуги сертифицирани по светски стандарди, професионална грижа во насока на подобрување на здравјето, што е докажано во безброј успешни случаи.

Ваквиот пристап продолжи да се применува и во текот на светската панедмија предизвикана од страна на вирусот Ковид 19, во кој период клиниката со многу труд, волја и неизмерно себевложување од своите вработени придонесе за спасување на огромен број на човечки животи – велат од клиниката Жан Митрев.

Од таму додааваат дека се згрозени од тенденциозниот говор на омраза, употребуван кон нивната институција, како и од неточните наоди, односно од фабрикуваните информации кои се насочени кон креирање на лажна слика во пошироката јавност за работата на клиниката.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ