ПочетнаМагазинАвтомобилиИџе во моќно Ферари ќе напаѓа нова титула на ридско-брдските трки!

Иџе во моќно Ферари ќе напаѓа нова титула на ридско-брдските трки!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе влезе во семејството на Ферари, синоќа во Скопје промовирајќи го својот нов автомобил – Ферари 488 В8, специјално дизајнирано за неговите нови европски предизвици во 2024 година.

Заедно со своите најблиски соработници го откри новото возило, вредно 350.000 евра за кое е познато дека има осумцилиндричен мотор со зафатнина од 3,9 литри и околу 700 коњски сили.

„Кога ве гледам сите тука вечерва како моја поддршка, чувствувам дека тоа е мојата најголема победа во животот, без разлика на сите освоени европски титули досега. Сето ова е мотив повеќе за мене и за идните предизвици“ – истакна Стефановски кој е актуелен европски шампион во автомобилизам на ридски патеки.

Според најавите, македонскиот автомобилист новата сезона ќе ја отвори во Австрија на 26. април 2024 година, а потоа ќе вози во Шпанија, Португалија, Чешка, Германија, Италија, Полска, Швајцарија, Словенија и Хрватска.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ