asd
ПочетнаВестиИнфлацијата ја изеде и покачената плата, се искачи за 7,6 отсто

Инфлацијата ја изеде и покачената плата, се искачи за 7,6 отсто

Инфлацијата ја изеде и покачената минимална плата. Според државната статистика, во февруари трошоците за живот биле за 7,6% поголеми споредено со истиот месец лани. Цените на мало за една година пораснале за 8,6%.

Според пресметките на синдикатот пак, за едномесечна живеачка на едно четиричлено семејство во февруари биле потребни 36.146 денари или повеќе од две минимални плати од 18.000 денари, кои ќе се исплаќаат од следниот месец. За една година кошничката поскапела за 2.444 денари.

Владата најавува нови мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Вечерва ќе се состане социоекономскиот совет и заедно со економски експерти ќе бидат креирани решенија за ублажување на ценовниот шок.

Според статистика, за една година најголем раст има кај цената на течните горива од над 71%. Трошоците за сопствени возила пак, се зголемиле за 31%. Од февруари лани и храната значително поскапува – лебот за 11%, месото за 6, овошјето за 10, зеленчукот за 18%

ИЗВОРKurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ