За нејзината оригинална песна „Октомвриски дожд“ се сметаше дека се однесува на нападите на Хамас на 7 октомври и беше забранета поради кршење на правилата за политичка неутралност.
На Израел ќе му биде дозволено да се натпреварува на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, откако ќе го смени текстот, потврдија организаторите, јавува денеска Би-Би-Си.
Еден Голан ќе ја претставува земјата на натпреварот во Шведска овој мај.
За нејзината оригинална песна „Октомвриски дожд“ се сметаше дека се однесува на нападите на Хамас на 7 октомври и беше забранета поради кршење на правилата за политичка неутралност.
Јавниот радиодифузен сервис на Израел се согласи да ја измени песната, сега насловена „Ураган“, а премиерата ќе ја има овој викенд.
Текстот на оригиналната песна ја содржи репликата: „Сите беа добри деца, секое од нив“.
Белгискиот министер за култура Бенедикт Линард побара на Израел да му се забрани учество на Изборот за песна на Евровизија се додека трае војната во Газа.