ПочетнаМагазинЉубовKарактеристики што ги поседуваат само најдобрите љубовници

Kарактеристики што ги поседуваат само најдобрите љубовници

1. Спонтаност
Нема ништо повозбудливо од спонтаноста и убавите изненадувања. Често ќе слушнете дека мажите сметаат дека спонтаноста е најдоброто нешто што жените можат да го направат во сексот, без разлика дали станува за нова долна облека или нова секс поза.

2. Самодоверба
Самодовербата е вистински афродизијак и со неа можете да постигнете буквално сè.

3. Смисла за хумор
Чудните звуци, неуспешно изведените пози и паѓањето од креветот се составни делови од сексуалниот живот во кои треба да научите да уживате. Ако наоѓате шарм во овие ситуации исто како и во оргазмите ќе бидете одлични во секоја љубовна ситуација.

4. Отвореност и разбирање
Никогаш немојте да го исмејувате партнерот за неговите желби. Тие се интимен дел од него и ви ги открил бидејќи ви верува. Разговарајте отворено за вашите потреби и што сакате, а што не сакате да пробате.

5. Несебичност
Иако и двајцата сте важни за време на сексот, не е лошо одвреме-навреме да се фокусирате само на задоволството на партнерот. Можете да го изненадите со утрински секс кој го сака само тој. На овој начин ќе му покажете дека сте спонтани, дека се грижите за неговото задоволство, а имајте на ум дека притоа сигурно ќе ве награди.

6. Звуци
Ако чувствувате потреба за гласни воздишки или „валкан“ разговор, немојте да се воздржувате. Ова само дополнително ќе го возбуди вашиот партнер. Покрај тоа сексот ќе стане уште подобар бидејќи навистина ќе се опуштите.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ