asd
ПочетнаВестиКлиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка...

Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на GGP програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност.

Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја и директорот на УК за детски болести, Реџеп Мемеди.

Како што посочи денеска Таравари во своето обраќање пред потпишување на договорот, со овој нов мобилен рентген апарат, ќе се унапреди пристапот на најмладите пациенти до потребните дијагностички процедури.

Тој изрази благодарност до Амбасадата на Јапонија во нашата држава за соработката и континуираната поддршка која е во насока на зајакнување на капацитетите во нашиот здравствен систем.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ