asd
ПочетнаВестиМакедонијаЉутков: Да ги едуцираме нашите деца да ги знаат сопствената историја, култура...

Љутков: Да ги едуцираме нашите деца да ги знаат сопствената историја, култура и традиција

Фестивалот на народна култура „Пображење“ претставува важен дел од нашето културно ткиво, настан кој ја одржува живата врска меѓу минатото и сегашноста, истакна синоќа министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на 14-тото фестивалско издание што се одржува во организација на културно – уметничкото друштво „Дримкол“.

„Пображење“, нагласи, е место каде што се спојуваат генерации и каде културата преку настапите и креативноста на уметниците и изведувачите од повеќе држави добива нова димензија.

– За една држава која сака да си ја развива културата, традицијата и обичаите многу е важно да ги поддржува ваквите настани, посебно оние кои го имаат предзнакот на фолклорот, бидејќи тука се прави паралелата на она што било во минатото и она што е денес. Да ги едуцираме нашите деца и да им го трасираме патот да си ги знаат сопствената историја, култура и традиција, рече Љутков.

Покровител на Фестивалот се Министерството за култура и туризам и Општина Вевчани, а ресорниот министер од идната година вети повеќе средства за манифестациите со фолклорна традиција.

– Фолклорот е нашиот белег. Да се вратиме на своите корени, да си го препознаеме она што е наше автентично, уникатно и да го негуваме. Пред ервопските земји да се презентираме со нашата култура, традиција и историја и да покажеме по што сме ние уникатни и единствени, нагласи министерот.

Вевчани, според претседателот на КУД „Дримкол“ Тошо Чочороски, е достоен чувар на традицијата и фестивалот „Пображење“ го потврдува тоа.

– Навистина ни е драго што по 14. пат успеваме Вевчани да го претвориме во сцена каде се претставуваат уметници од повеќе области на народната култура. Со „Пображење“ сакаме да дадеме придоне за развој на народната култура во државата да ја промовираме, да нудиме можност народните култури од светот да доаѓаат тука и да го збогатиме општественото и културното живеење во Вевчани. Фестивалот е и одлична понуда за туризмот и сите туристи кои се на охридско-струшката ривиера, рече Чочороски.

На годинашното издание на фестивалот на народна култура „Пображење“ќе настапат ансамбли од Македонија, Хрватска, Словачка и Србија.

ИЗВОРKurir.mk

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ