asd
ПочетнаВестиЕкономијаНовиот пакет антикризни мерки на седница на Владата следната недела

Новиот пакет антикризни мерки на седница на Владата следната недела

Новиот пакетот со антикризи мерки ќе биде разгледан на седница на Владата во вторник следната недела, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката рече дека седницата на Владата е закажана за во вторник и оти со мерките ќе бидат опфатени голем број граѓани и приватниот сектор.

-Во вторник ќе има информација што се содржи новиот пакет антикризни мерки, рече Тренчевска, која со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски е во посета на Кавадарци.

Според најавите, во антикризните мерки ќе бидат опфатени најранливи категори на граѓани и пензионери со минимална пензија.

До крајот на годинава во Буџетот се предвидени 75 милиони евра за антикризни мерки, а за идната година дополнителни 55 милиони евра пред се за продолжување на субвенционирањето на цената на електрична енергија, рече премиерот Димитар Ковачевски, минатата недела во телевизиско интервју.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ