ПочетнаВестиХроникаДвајца повредени во судир на три возила на патот Гостивар-Маврово

Двајца повредени во судир на три возила на патот Гостивар-Маврово

На 25.04.2023 во 08.45 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Маврово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(74) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Т.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Ф.И.(60) од Косово, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Ѓ. од возилото “рено“, а со телесни повреди се здобил возачот А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ