asd
ПочетнаВестиМаркетите да имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на...

Маркетите да имаат јавна веб страница каде ќе ги објават цените на сите свои производи, Мицкоски откри една од мерките кои ќе бидат предложени на Влада

Сите ланци на супер маркети да имаат јавна веб страна на која што ќе ги објават сите цени на сите производи, па да дожат граѓаните сами да одлучуваат, откри денеска една од мерките премиерот Христијан Мицкоски, а истата ќе биде предложена и на седница на Влада.

-Не би сакал да шпекулирам, еве една од мерките која што сакам да ја кажам и ќе ја предложам на Влада, сите ланци на овие супер маркети, хипер маркети да имат јавна веб страна, транспарентна, на која што ќе ги објават сите цени на сите производи кои што ги имаат во своите маркети, да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и оние самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме тие трендови и да направиме некаков хистограм на движење на тие цени, одговори на новинарско прашање премиерот Мицкоски.

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ