asd
ПочетнаВестиМицкоски ќе присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“

Мицкоски ќе присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“

Денеска 18.09.2024 година (среда) со почеток во 10:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на започнување на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во населено место Мичурин, Општина Аеродром.

Доградбата на училиштето ќе се спроведе во две фази. И тоа во наредните 18 месеци, во прва фаза, ќе добие дополнителни 10 училници и 8 кабинети по предметна настава.

Исто така, голем хол со бина, главни скали и лифт, кујна со трпезарија, нови тоалети и тоалет за лица со посебни потреби, како и други сервисни простории.

Со ова значително ќе се зголемат капацитетите за спроведување на воспитно-образовниот процес во едно од најстарите училишта во Аеродром, изградено уште во 1954 година.

Проектот е во вредност од 200.000.000 денари од буџетот на Општина Аеродром со поддршка од Владата.

Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.

ИЗВОРкурир

Остави Коментар

Внеси го твојот коментар
Внеси го твоето име:

- Advertisment -spot_img

НАЈПОПУЛАРНИ